ОН гласаше за почеток на преговори за забрана на нуклеарно оружје

оружје

Резолуцијата беше усвоена со 123 гласа „за”, 38 „против” и 16 „воздржани” во комисија на Генералното собрание на ОН, и покрај силното лобирање против неа од т.н. нуклеарни држави, особено САД, Велика Британија и Франција.

Поради притисокот на САД, 27 од 28 земји членки на НАТО гласаа против резолуцијата, а Холандија се воздржа.

Резолуцијата предвидува свикување на две конференции во март и во јуни следната година „за преговори за правно обврзувачки инструмент за забрана на нуклеарното оружје што ќе води кон целосно отстранување”.

Документот беше поднесен од Австрија, Бразил, Ирска, Мексико, Нигерија и Јужна Африка.

Резолуцијата треба да биде одобрена со гласање во Генералното собрание, каде што се очекува тоа и да се случи, посочува ДПА.