Гласините се остварија – Циндриќ е нов ракометар на Вардар

Поранешниот ракометар на Металург Лука Циндриќ од идната сезона ќе го носи дресот на лутиот ривал Вардар.

За Лука Циндриќ и неговото преминување во Вардар се пишуваше пред неколку месеци, а како што пишува “Македонски спорт”, соработката е официјализирана вчера.

Лука Циндриќ ги решил административните работи со Металург, па како слободен играч се сели во црвено-црниот дрес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.