Гласините се остваруваат – Ди Мариа на пат за Париз

Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија ги договорил своите лични услови за трансфер во Пари Сен Жермен, тврди францускиот весник „Паризиен“.

Тој е подготвен да прифати петгодишен договор со „светците“, а сега останува раководството на ПСЖ да се договори околу отштетата што треба да му ја плати на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед.

di mari2

„Црвените ѓаволи“ на Реал Мадрид за ангажманот на Анхел Ди Марија му платија 59,7 милиони фунти, па идентична сума ќе бараат и од ПСЖ за да му дозволат на Аргентинецот да си замине од „Олд трафорд“. Како што информираат француските медиуми, ПСЖ е подготвен во зделката да вклучи и двајца фудбалери, Аргентинците Лавеци и Пасторе кои би се пресели во Манчестер јунајтед. Сепак, за ова конечниот збор треба да го има менаџерот Луј ван Гал.