Гласините се остваруваат – Станиќ се врати во Скопје

Поранешниот голман на Металург Дарко Станиќ повторно е во Скопје, а според многумина доаѓањето во нашиот главен град значи негов чекор поблиску до РК Работнички.

Според шпекулациите дрим-тимот на Работнички ќе го сочинуваат браќата Никола и Велко Маркоски, Златко Мојсоски, Ренато Вугринец, Дарко Станиќ, но и неколку засилувања од Србија.

Тренер треба да биде Андон Бошковски, а директор на клубот е легендарниот Ванчо Димовски.

Извор: Република