Глава од свиња пред канцеларијата на Меркел

Полициската патрола открила глава на свиња пред канцеларијата на германската канцеларка Меркел во градот Стралсунд, пренесува британски „Гардијан“.

Германската полиција соопшти во саботата дека нашле свинска глава на која имало напис со „навредлива содржина“. Портпаролот на регионалната полиција одбил да ја коментира природата на навредите, наведувајќи само дека тие биле насочени кон Меркел, која прв пат беше избрана за пратеник во Стралсунд пред 26 години.

Инаку конзервативната канцеларка беше критикувана од голем број Германци поради нејзината политика на отворени врати кон мигрантите.

Дел од медиумите пишуваат дека главата најверојатно била фрлена од страна на Анти-исламските демонстранти што протестираат против големиот број муслимански мигранти во земјата.