ФОТО: Главни трендови за оваа сезона

Пролетта веќе пристигна, а летото е на прагот. Ако веќе сте во потрага по нова облека за оваа сезона, добро би било да знаете кои се десетте главни трендови што ќе бидат во мода оваа сезона.

  1. Кариран дезен

moda-1

Овој дезен не е некоја новина во светот на трендовите. Карираниот дезен се носеше и претходно, но овој пат дизајнерите најдоа нов начин за негова презентација, во вид на помалку флуидни рабови, линии што на моделите им пружаат една ретро нота. Меѓу моделите доминира црно-белиот кариран дезен, како и оној во топла комбинација на мед, песок и ванила.

  1. Суптилни седумдесетти

moda-2

Секоја сезона една декада мора да доминира. Во претходните сезони колекциите беа обоени во силуетите од 50-тите и 60-тите, а оваа пролет во мода ќе бидат опуштените 70-ти. Подгответе се за фустан – туники од превртена кожа, за микс од силни и загасени бои, доминација на класичниот џинс и за играта на пропорциите.

  1. Необична интерпретација на животиснките мотиви

moda-3

Класичниот животински принт беше голем тренд за сеозната есен – зима. Сепак оваа пролет ќе биде во тренд суптилната верзија.

  1. Минималистички спортски изглед

moda-4

За продорот на спортските модели најзаслужен е Александар Ванг, но по неговите чекори тргна и огромен дел од дизајнерите што токму за пролетната сезона беше инспирирана од спортската облека.

  1. Превртена кожа во боја

moda-5

Времето кога во летниот период носевме лесни материјали по се изгледа дека е зад нас, затоа што, верувале или не, кожата и потоа продолжува да биде во тренд и во престојната сезона. Единствено нешто што се менува е типот на материјалот, односно сега во мода ќе биде превртената кожа. За среќа, сезонава ќе доминираат пастелни и ведри бои со многу малку црвена и жолта како сенф.

Повеќе трендови на следната страница…