ФОТО: Главни трендови за оваа сезона

  1. Голи рамиња

moda-6

Ова лето подгответе се да носите фустани, маици и блузи со голи рамиња. Тоа особено се однесува на фустаните што со овој детал заблескаа на пистите во Њујорк, Лондон, Милано и Париз. Не е важно дали е откриено само едното раме или двете, сепак ова е детал што ќе ја обележи летната сезона.

  1. Здолниште

moda-7

Здолништето врз пантолони е еден од клучните начини на стилизирање што го видовме на пролетните ревии.

  1. Пруги

moda-8

Ние не можеме просто да замислиме дека било кое лето може да помине без пруги, а по се изгледа така ќе биде и оваа сезона и тоа минимално, во вид на детали. Оваа сезона дизајнерите се играа со пропорциите и со местото на аплицирање.

  1. Модерен сафари изглед

moda-9

Подгответе се оваа сезона да носите над 50 нијанси на кремаста боја и тоа со прилично транспарентни материјали што ќе направат да изгледате кршливо, но и разголено.

  1. Јака

moda-10

Речиси сите поединечни модели имаат еден заеднички детал: затворено деколте, односно кратка јака што сите ги асоцира на скромните модели во стилот на манастирски фустан.