Главниот американски кандидат за ЕУ-амбасадор: Новата власт во САД најверојатно ќе го екстрадира Ѓулен

Тед Малок, еден од главните кандидати за амбасадор на САД во Европската Унија верува дека новата адинистрација во Вашингтон ќе го испорача на турција Фетула Ѓулен, во насока на подобрувањето на односите меѓу САД и Турција.

Според Малок, Трамп „ќе се согласува многу добро со Претседателот Ердоган“.

„Турција е членка на НАТО и наш стратешки партнер“, изјави Малок истакнувајќи ја важнноста за екстрадицијата на Ѓулен кој според властите во Турција стои позади пропаднатиот обид за пуч од 15-ти јули.

Малок додава и дека Ердоган и Трамп имале многу конструктивни разговори по телефон, како и дека е можно да се сретнат во наредните месеци.

„Мислам дека Трамп е свесен за важноста на Турција не само од економски аспект, туку и на политичко и воено ниво“, вели Малок очекувајќи двајцата лидери да се сретнат очи-во-очи на самитот на Г20 во Хамбург, Германија во јули годинава.