Главниот извршен директор на „Твитер“ поднесе оставка

Главниот извршен директор на социјалната мрежа „Твитер“ Дик Костоло поднесе оставка по речиси пет години на функцијата.

Раководната функција времено ќе биде извршувана од Џек Дарси, еден од основачите на компанијата.

Оставката на 51-годишниот Костоло стапува во сила од 1 јули, а причините за одлуката не се објавени.

Акциите на „Твитер“ загубија речиси една третина од вредноста во последниот тримесечен извештај на компанијата од април, кога приходите не ги исполнија очекувањата на аналитичарите од Волстрит.