Македонија

Главниот уредник на 24 Вести поднел оставка – менаџментот од него барал да не биде неутрален

Главниот уредник на 24 Вести поднел оставка – менаџментот од него барал да не биде неутрален

Главниот и одговорен уредник на телевизијата 24 Вести, Гоце Михајлоски, си поднел оставка на функцијата, објави „Прес 24“. Причините, како што наведува порталот, биле притисоци од менаџментот на телевизијата.

Гоце Михајлоски беше познат по серијата професионални интервјуа направени со голем број македонски политичари. Последно во низата интервјуа беше она со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кога Михајловски му ги постави сите прашања на кои јавноста очекуваше одговори.
По ова интервју, директорот на телевизијата Зоран Иванов реагирал кај Михајловски за неговата „претерана неутралност“.
Михајловски му соопштил на поранешниот советник во кабинетот на Црвенковски дека си поднесува оставка на функцијата и дека нема да дозволи да се руши неговиот новинарски интегритет, пишува порталот.

На местото на Гоце Михајловски како в.д. главен и одговорен уредник е поставен Сеад Ризвановиќ кој заедно со Михајловски работеше во А1 телевизија во моментот кога медиумот беше затворен поради криминалот на неговиот сопственик Велија Рамкоски.