понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 60

Главните причини поради кои младенците немаат секс на првата брачна ноќ

Иако многумина мислат дека новопечените брачни двојки на првата брачна ноќ уживаат во сексот, сепак резултатите од една неодамнешна студија покажуваат дека дури 52 отсто од младенците воопшто не водат љубов на првата брачна ноќ.

Mladenci

Поврзани вести

Иако многумина мислат дека новопечените брачни двојки на првата брачна ноќ уживаат во сексот, сепак резултатите од една неодамнешна студија покажуваат дека дури 52 отсто од младенците воопшто не водат љубов на првата брачна ноќ.

Една третина од двојките откриле дека уживаат во сексот следното утро, додека секоја десетта двојка открила дека тоа се случува дури 48 часа по венчавката.

А кои се главните причини зошто младенците немаат секс на првата брачна ноќ?

1. Исцрпеност

Ова секако е првата причина, а и воопшто не зачудува со оглед на долгото планирање и организацијата на тој важен ден кој само по себе е мошне стресен. Иако тоа е денот кога се слави љубовта меѓу млаенците, тие воглавно се фокусирани на гостите и на тоа како тие се забавуваат.

2. Премногу алкохол

Сите сакаат да наздрават со младенците, а чашка по чашка тие се повеќе се заморуваат и ја губат желбата за интимност. Уште ако не јадат или ако неможат да јадат ништо од возбуда…

3. Немаат поттик

Нештата повеќе не се како некогаш: за поголемиот дел од двојките, првата брачна ноќ не е ноќта кога ја губат невиноста. Поголемиот дел од луѓето пред првата брачна ноќ многу пати веќе имале секс и сега и немораат. Ако тоа не го прават во обичните денови кога се уморни и поднапиени, зошто сега мора?Д

4. Дружење со пријателите и со семејството

На сексуалната магија можете да се препуштите било кој друг ден до крајот на вашиот живот, а ваквата ноќ се случува само еднаш во животот, во главно… Затоа сте одлучиле да останете на подиум со драгите луѓе и лудо да се забавувате, а се останато може да почека.

5. Сте се скарале

Иако мислите дека тоа не е возможно, едно британско истражување откри занимливи резултати: 32 отсто признале дека спавале со најмалку двајца гости на венчавката, 20 отсто младоженци признале дека ги привлекла друга жена на денот на нивната венчавка, а невестите признаваат дека сеуште се премислувале околу се, една ноќ пред венчавката. Се што е потребно за кавга е само предосеќање на една од овие работи…

6. Ден за љубов, а не за секс

Послатката причина, од сите претходно наведени е и таа што младенците сакаат таа вечер да ја прослават нивната љубов. Кога ќе дојдете во собата и конечно ќе легнете во постелата, тоа често е прв пат да сте заедно сами откако сте го кажале судбоносното „Да“. Сега е време за разговор, трачеви или само гледање и галење, затоа што сепак сега сте сопружници.

Најчитани вести