среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Гледањето 3Д филмови ја поттикнува работата на мозокот

mozok

Последни вести

Ново британско истражување открива дека гледањето на овие филмови би можело да влијае на подобрувањето на функциите на мозокот.

Студијата на научниците Патрик Феган од Универзитетот Голдсмитс и професорот Брендан Вокер од Лабораториите Трил, покажуваат дека по гледањето на 3Д филмови кај гледачите е забележано зголемување на когнитивната обработка на информации за 23 отсто, додека времето на реакција им е подобрено за 11 отсто.

Заради споредба, кај лицата кои гледале 2Д филм, времето на реакција било пет пати послабо.

Претходните истражувања утврдиле дека гледањето филмови во 3Д технологија не придонесува за поголемо уживање на гледачите и дека дури во некои случаи предизвикува вртоглавица и главоболка.

Најчитани вести