Глушков пред да биде задавен бил со љубовникот

Рускиот бизнисмен и емигрант во Лондон, Николај Глушков (68) вечерта кога бил задавен ја поминал со својот помлад љубовник, информираат британските медиуми. Смртта на Глушков, кој беше пронајден мртов во својот дом пред една недела, покрена низа на шпекулации. Поради поврзаноста на Глушков со покојниот олигарх, Борис Березовски медиумте веднаш вперија прст кон Владимир Путин, особено по обидот за убиството со труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ.

Сепак, британската полиција отвори истрага за убиство откако беше утврдено дека Русинот бил задавен со поводник за куче.
„Дејли Мејл“ пренесе најнови информации во врска со убиството, па наведуваат дека пред да биде пронајден мртов, Глушков ноќта ја минал со својот љубовник, млад Русин на возраст од 20-ина години. Тоа на полицијата и го открил пријател на Глушков.

Инспекторите веруваат дека Русинот бил задавен со поводникот, а дека убиецот сакал неговата смрт да личи на самоубиство. Полицијата не нашла траги од насилен влез во домот на жртвата, што укажува на веројатноста дека Глушков го познавал убиецот.

– Николај живееше сам, но партнерот редовно го посетуваше и беше кај него ноќта кога е пронајден мртов. Не знам многу за него освен дека се вика Денис, и дека е многу помлад, и исто така Русин. Ако добро сум разбрал Денис заедно со Наталија, ќерката на Николај го пронашле неговото тело. Двајцата ја повикале полицијата и со нив извршила разговор. Мислам дека инспекторите ја разгледуваат и теоријата дека починал за време на перверзна сексуална игра која тргнала кон лошо. Николај беше добар дел од ќивотот хетеросексуалец, имаше и деца со сопругата, но подоцна призна дека е хомосексуалец- рекол пријателот.

Глушков во деведесеттите години на минатиот век работел за руската државна компанија „Аерофлот“, како и во автомобилската компанија „ЛогоВаз“, сопственост на Березовски. Глушков во 1999 година заврши во затвор по конфликтот на Березовски со Владимир Путин. Олигархот ја напушти Русија и се преселил во Лондон, а Глушков остана пет години во затвор за перење на пари и за измама извршени од компанијата на Березовски.

Тој во наредните години се сели во Лондон каде добива и политички азил. Глушков постојано тврдел дека има докази оти Березовски не извршил самоубиство, туку бил убиен.
Глушков лани во Москва во одсуство бил осуден на осум години затвор за кражба на 13 милиони долари од „ЛогоВАз“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.