„Глувци и луѓе…?!“

Прашувам, за какви реформи во медиумите се залагаат луѓето за ЖИВОТ, кога „Гласот на народот“ не е добродојдено во т.н. „професионални тв куќи кои се залагаат за европска Македонија и Македонија во НАТО“, ако интерактивниот форум-програма „Гласот на народот“ е единствената и првата програма која реализирала најмногу емисии и тв интервјуа за ЕУ, НАТО и се’ што значи евроаталански интерграции, но со единствена основа и ПРИНЦИП: Македонија во ЕУ и НАТО со Достоинтство!

Прашуваме повторно, овојпат едно хипотетично прашање: Како ќе се однесуваа кон мене како проект менаџер и автор на програмата „Гласот на народот“, доколку оваа програма целосно се наклонеше кон Проектот „Разнебитување на Македонија по секој основ и дефиниција, а тоа подразбира промена на име, идентитет, јазик, историја, култура, архивска граѓа, археологија или се’ што е македонско?“

Тогаш од бизнисот се е можно… Веднаш ќе се одврзаа „бисагите“ и чекмеџињата, и оп, ете ти загарантирана финансиска поддршка.

Едновремено на наше прашање: Дали можеме да ви се придружиме кон вашата „профи и независна програма“ за демократска и граѓанска Македонија, за подобар живот, спонзорирана од УСАИД или слични фондови? Добивме одговор: „Жалиме, нашите фондови како што се УСАИД или слични на нив не им одговараат ваков вид на емисии или новинари!

По третпат прашуваме: Кои сме ние и за какви новинари не третираат? На што наликуваме, та не сме добродојдени за финанскиска поддршка од „силните и пресилните фондови за демократија и соживот во една држава“ и ќе додадеме ние од секогаш се залагавме и се залагаме и ќе се залагаме во градењето и унапредувањето на демократијата во една независна и демократска држава Република Македонија, каде демократијата треба да биде свето правило и насока, а тоа е да се слушне и почитува „Гласот на народот“ и секако вољата на народот!

Да потсетиме, авторот на оваа програма реализирал преку 2.500 емисии во изминатите 18 години или сезони.

Како програма „Гласот на народот“, се сретнавме со тројца државни секретари на САД, меѓу кои се: Медлин Олбрајт, Колин Пауел и Лоренс Игелбергер, потоа двајца генерални секретари на ООН, Бутрос Бутрос Гали, и Кофи Анан, исто така, со двајца генерални секретари на НАТО, Хавиер Солана и Лорд Џорџ Робертсон.

Во овој колаж спаѓаат средбите и интервјута и тоа десетина пати како бројка, интервјуа со булдожерот на американската и светската дипломатија Неговата Екселенција и архитектот на Дејтонската спогодба Ричард Холбрук. Прашуваме, кого уште да го ставиме и накитиме овој name list?

Еве, ќе ви ја исполниме желбата. Тука се имињата на Крис Патен европскиот комесар за проширување и потписникот на Договорот за стабилизација и соработка меѓу ЕУ и Македонија Крис Патен, или последниот амбасадор на Велика Британија во Хон Конг, потоа специјалниот медијатор околу името Сајрус Венс, како и неговиот асистент а сегашен актуелен медијатор во 25 годишниот спор за името Метју Нимиц.

Потоа претседателот на Советот на Европа, лордот Расел Џонсон, како и со европските политичари Мирчеа Џоана, Луис Мишел. Починатата Ана Линд, првиот човек на Пактот за стбилност Бодо Хомбах, главниот обвинител во Хаг, Карла дел Понте и нејзиниот заменик австралијанецот кој ги соопштил пресудите за Македонија за конфликтот во 2001 година, Грахам Блуит, како и со шведскиот премиер и коавтор на Дејтон, Карл Билд… Уште ли…?

Да, со задоволство ќе ги истакнеме високиот комесар на ООН за бегалци Садако Огата, потоа заменикот на Ибрахим Ругова, Фехми Агани, како и со најконтроверзниот Жељко Ражњатовиж Аркан, потоа со Вук Драшковиќ, и да ги додадеме Фред Екард главниот човек за информации во ООН, како и со првиот човек на најпрестижната институција или атрополошка и генетичка лабороторија во светот “Егенеа’“ Роман Шолц, грчкиот премиер и шеф на дипломатијата Јорго (Џорџ) Папандреу, првиот човек на Хелсиншкиот институт за човековите права на Грција Димитри Панајотис…

Потоа британските лордови меѓу кои се Лорд Давид Овен, Робин О’Нил, Даглас Херд, данскиот политичар и еден од медијаторите околу името Торвалд Столтенберг. Со задовоство ќе ги додадам и Ѓеорги Парванов претседателот на Бугарија и неговиот шеф на дипломатијата Саломон Паси, како и министерот за внатрешни работи Петканов и буграскиот премиер Иван Костов.

Тука ќе ги наведиме и контроверзниот Рамуш Харадинај, и првиот претседател на собранието на Косово Неџат Даци. Не можат да се изостават и добрите гости од седниците во Стразбург и тоа интервјуата со Дорис Пак, пољакот Јерузелцки, контраверзниот руски политичар Александар Жириновски, како и со „железниот“ Лех Валенса и најбараниот соговорник за интервју од „шаховската табла“ Збижински.
Не сакам да ги изоставам и директор на Институтот за мир во Вашингтон Даниел Сервер, како и наследникот на австрискиот надвојвода Ото фон Хазбург или неговиот роден син Карл фон Хазбург….

Почитувани мои, нели е оваа скандал или информација за рубриката „Верувале или не!“ Со еден збор, своевиден скандал!

Се блокираат патиштата и портите на единствениот интерактивен форум или прозорец на македонската демократија, или кличот на демократијата во Македонија, а тоа е Програмата „Гласот на народот“, а за сметка на тоа најшироко им се отвараат портите, патиштата и хоризонтите на сервилните и полтронските програми… (оценка на народот) и прашуваат зошто?

Едноставно, ние, заедно со народот со став: Со „Гласот на народот“ јасно и гласно им ја просветливме душата, умот и срцето на сите кои се чувствуваат најпрвин за Македонци, а потоа и како луѓе!

За жал, секоја чест на исклучоците останаа само „глувците“ од познатата книга на Џон Стајнбек „Глувци и луѓе“.

Затоа, порачуваме: „Ајде сите да бидеме тоа што сме, Македонци, а потоа луѓе…“

За жал сега сме надвор од линијата, но остануваме и натаму на нашите црвени линии, не на линијата на огнот.

Само, доколку сме единствени, искрени и јасни кон уставноста и целовитоста на Македонија, тогаш ќе успееме. Претходно да ги заборавме партиските, личните и бедните интереси и нивните придобивки за наше лично богатење и самоетаблирање по секоја основа и вертикала, туку ајде сите единствени и сложни да се мобилизираме да ја заштитиме Македонија од секаква „ерозивност и самоуништување“, а тоа подразбира дека сме точно во временската рамка 5 до 12!

Кога сме единствени и македонски „интергрирани“, тогаш нема да постои “сила“ којашто ќе не скрши или скара, ниту да не раздели и да не замрази еден кон друг. Ниту ќе има сила којашто ќе не разбие и уништи нас Македонците, по род и по државјанство!

Тогаш нема да му се даде можност на ниту еден политикант, ниту политичар, ниту авантурист да си поигрува со Македонија и со сите нас како народ, како луѓе, а тие порачуваат: Македонија не е на распродажба, Македонија не е на аукција!

И за крај, „Гласот на народот“ никогаш не било, ниту ќе биде подлисток ниту на еден политичар, ниту политикант, скраја да е политичка партија која и да е!

„Гласот на народот“ било, е и ќе биде форум на народот на Македонија!

„Гласот на народот“ ги има прочитано сите политичари и политиканти и цврсто стои зад неговиот став и оценка, а таа е оваа интерактивна трибина која е изложена на секакви игноранции и играрии, знае да ги препознае вистинските или лажни политичари, кои се вистинските луѓе, а кои глувци, односно кои се кариеристи, егоисти а кои екцентри!

Да живее „Гласот на народот“!

Да живее Македонија!

Автор: Слободан Томиќ