Глувци предизвикаа општ хаос меѓу политичари и новинари во Бразил

Расправата во бразилскиот Конгрес за големиот корупциски скандал на нафтениот гигант „Петробрас“ била прекината од глувци, кои создале паника меѓу политичарите и новинарите.

Засега непознато лице, пуштило во салата глувци, што предизвикало општ хаос.

Глодарите биле пуштени за време на обраќањето на членот на владејачката Работничка партија Жоао Вакари Нето, кој е еден од 27-мината луѓе кои се обвинети за корупција и перење на пари во рамки на аферата во нафтената компанија, која изби пред 13 месеци.

Обезбедувањето веднаш го исфрлило од салата лицето одговорно за овој инцидент, чиј идентитет не е откриен. Глувците биле брзо фатени и расправата повторно продолжила.