ГН на Унгарија: Ферари тргнува од првиот ред

Себастијан Фетел, Ферари/ © EPA/ZOLTAN MATHE

Германскиот пилот во Светското првенство од Формула ѝ, Себастијан Фетел, ќе стартува од првата позиција во трката за Големата награда за Унгарија на патеката во Хунгароринг во неделата, а до првиот ред ќе биде следен од клупскиот колега Финецот Кими Рајконен.

За Себастијан Фетел, кој во моментов во водечки во генералниот пласман за возачите ова 48-та „пол позиција“ во кариерата.

Актуелниот светски шампион, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, квалификациите ги заврши на за него разочарувачкото четврто место зад двата болида на Ферари и зад својот клупски колега, Финецот Валтери Ботас.

Хамилтон имаше набрзо време во вториот круг од квалификациите, но сепак не успеа веќе во Хунгароринг да стигне до 68-та „пол позиција“ со што би се изедначил на водечкото место на сите времиња во ова рангирање со легендарниот Германец Михаил Шумахер.

Пред трката за Големата награда на Унгарија, којашто започнува во недела во 14 часот, Фетел има само поен предност пред Хамилтон во генералниот пласман.

Првите десет во стартниот ред: 1. Себастијан Фетел (Германија/Ферари); 2. Кими Рајконен (Финска/Ферари); 3. Валтери Ботаст (Финска/Мерцедес); 4.Луис Хамилтон (В.Британија/Мерцедес); 5. Макс Верстапен (Холандија/Ред Буч ТАГ Хеуер); 6. Даниел Рикардо (Австрија/Ред Бул ТАГ Хеуер); 7. Фернандо Алонсо (Шпанија/Мекларен); 8. Стофел Вандорн (Белгија/Мекларен); 9. Карлос Саинц Јуниор (Шпанија/Торо росо-Рено) и 10. Џолион Палмер (В.Британија/Рено).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.