Македонија

Гнасна и валкана кампања на соросовите платеници

Гнасна и валкана кампања на соросовите платеници

Медиумите финансирани од СОРОС и новинарите кои се на платниот список на Соросовата фондација во земјава, деновиве вулгарно и недостоинствено се обидуваат да го искористат свирепото убиство на француските карикатуристи од сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“ во обидот да ја нападнат македонската влада, објавува порталот „Курир“, пренесува Нетпрес.

Станува повеќе од очигледно дека новинарите финансирани од ФООМ и други странски извори, во својата заслепеност веќе не бираат ни средства во одработувањето за нечии интереси, додека моралот се чини уште од поодамна го имаат изгубено.

Она што странските платени играчи во земјава се обидуваат изминативе денови да го направат искористувајќи го трагичниот настан во Франција ги преминува сите граници на нормално однесување и кај јавноста дури предизвикува и чувство на гадење.

Гнасна кампања се чини дека е дури и благ збор што може да се употреби за ова некоректно однесување на соросовите платеници. Уредникот на весникот „Слободен печат“ Бранко Героски, колумнистите Бранко Тричкоски и Боки Бургија, како и останати отворени поддржувачи на опозицијата и луѓе блиски до СОРОС, се обидуваат да направат една валкана конструкција, која нема никакви допирни точки со реалноста.

Во своите колумни, и со единствена цел да се нападне Владата, овие опозициски перјаници одат дотаму што прават халуциногена паралела и сакајќи да освојат симпатии се обидуваат да се претстават самите себеси како свирепо убиените луѓе од „Шарли Ебдо“, а притоа врв на гнасната кампања е обидот да ја претстават и поистоветат македонската влада со крвниците од Париз, браќата терористи Шериф и Саид Куачи и нивната поддршка Амеди  Кулибали.

-Изливите на солидарност и слободоумие, концентрирани во лозунгот „И јас сум Шарли“, со кој живееме деновиве, неизбежно ме потсетија на настаните во А1 телевизија во зимата 2010-2011 година и на паролата „И јас сум А1“. Дури и мојата блуза последен пат е испеглана во таа кобна 2011 година. Потоа режимот на Груевски се осили. Пред нашите очи гаснеа медиуми, новинари ја губеа слободата, а многумина останаа без работа. На крајот, ќе речете, па каква врска има трагедијата на „Шарли ебдо“ со оваа долга и речиси патетична тирада за настаните што се случија пред четири години? Не знам… Едноставно, не ми текнува подобар начин да ви кажам што научив во овие мачни години, пишува Героски во обидот да се поистовети со трагичната ситуација во Париз.

И колумнистот Боки Бургија слично како и Героски трагедијата во Франција ја споредува со затворањето на А1 телевизија. Во колумна во која му реплицира на Влатко Ѓорчев, Боки Бургија пишува дека варварски биле кршени вратите на телевизијата и биле запленувани документи.

-Ја убивте, бре Влатко Ѓорчев, ја застрелавте со пукање в уста, слободата, демократијата, внесовте страв, покажавте и докажавте дека пред силата, само вашата, твојата правда има смисла да ја има, додека онаја која отворено ви се противставува не смее да ја има. А тоа ти се вика убиство со умисла од само неколку сантиметри, ладнокрвно убиство, како да станува збор за луѓе на кои тоа им е вбризгано во крвта, како диктатурата и режимот да ви се генетски наследени вредности со кои ќе практицирате власт, пишува тој.

Гнасната кампања на соросовите новинари оди дотаму што колумнистот Бранко Тричковски го обвинува премиерот Груевски дека тој лично го предводел “нападот на своите партиски единици во успешното уништување на “демократските вредности”, односно на слободата на мислата и говорот што беа нападнати во Париз“

– Симболиката на териристичкиот акт што се случи во Париз, во Македонија би била бесмислена, затоа што слободата тука веќе ја нема, таа е турната на маргините, по разно-разни портали за мастурбација на преживеаните новинари и уредници! Можеби кај нас физичките жртви и куршумите ќе дојдат покасно, пишува Тричковски.

И да е од соросовите платеници, се чини дека е премногу. Низа примери од минатото покажуваат дека тие обожаваат да си ја кодошат својата земја и да работат против власта и ВМРО -ДПМНЕ, да плукаат по министрите, да ги навредуваат новинарите кои не мислат како нив, но да поистоветиш партија која добила масовна историска поддршка од народот изразена со преку 500.000 гласови со непресметливи терористи е врв на лудило. Да се обидуваш да направиш паралела помеѓу Македонци и да сакаш да ги претставиш како извршители на варварски чинови како што Куачи и Кулибали направија е неприфатливо, недозволиво и е за секаква осуда. Тоа е и навреда врз македонските граѓани. Тоа е навреда и врз Македонија.

Дополнително, подеднакво срамен е и обидот да го поистоветиш „Шарли Ебдо“ со Велија Рамковски и неговите црни бизниси и неплаќање на данок. За разлика од Рамковски, францускиот сатиричен неделник плаќал данок! Данок од каде што потоа се прават училишта и болници меѓу другото. Велија тоа не го правеше и постои судска пресуда дека тоа не го правел.  „Шарли Ебдо“ е еден, а Велија Рамковски имаше огромен број фирми (дујќанчина ги нарекуваше) во „Пајажината“ на Перо Наков и во повеќето од нив беа констатирани противзаконски дејствија.

Во „Шарли Ебдо“ новинарите се плаќаат легално и чисто, а не како што работеа фирмите на Рамковски со плати под рака, во кеш, неисполнети договори, фиктивни трансфери, според тврдењата на самите вработени. „Шарли ебдо“ никогаш не правел рекет! Доколку на ова се додадат аферите со батаци и смоките, срамно и бедно е да се прави паралела на неплаќач на данок и човек осуден за криминал со „Шарли Ебдо“.

Навреда за самиот неделник и за семејствата на жртвите е некој да ги поистоветува со Велија Рамковски, а обидот македонската влада да се обидеш да ја поистоветиш со ИСИС или Ал Каеда не може да се оцени поинаку освен како валкана кампања на оние кои дурии при вакви трагедии на вулгарен начин се обидуваат да ја нападнат власта.

Од друга страна пак, истиве овие соросови платеници кои сега се обидуваат да се поистоветат со француските жртви, во реалноста со своите дејства повеќе се однесуваат како „Куачи брадрс“.

Бранко Тричковски јавно пишува како го убива македонскиот премиер со истрел во глава и со тоа е ист како Шериф Куачи кој ладнокрвно пукаше во глава на полицаец. Тој ист Тричковски јавно пишуваше како го сече на парчиња македонскиот вицепремиер и со тоа е ист како сирискиот џихадист кој јавно сечеше глава пред камера на новинар.

Сега истиот Тричковски држи лекции, додека Боки Бургија вели дека ќе и се суди на власта, во ист стил како што лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал Багдади се заканува дека ќе и суди на Европа. Героски пишува како ќе дели правда, а тоа го прават само исламистичките бригади на Ал Нусра.

Ваква навреда за македонската власт до сега не упатиле ниту најрадикалните елементи во Косово, ,Грција, Бугарија или Србија. Со своите халуциногени паралели, медиумите финансирани од СОРОС и новинарите кои се на платниот список на Соросовата фондација  си дадоа класичен автогол, а потоа вината за тоа што немаат поддршка кај јавноста наместо кај себе, ќе ја бараат кај некој друг.