Гнев во ВМРО-ДПМНЕ заради ослободувањето на Заев и Верушевски од кривичен прогон

Зоран Заев е единствениот граѓанин во Република Македонија кој бил ослободен од кривична одговорност од двајца претседатели, пишува Курир.

Од ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека во Македонија законите важат за сите освен за аболицираниот криминалец Зоран Заев. Од партијата бараат човекот кој станал синоним за криминалот и политичката деструкција конечно да одговара пред лицето на правдата.

Аболицијата дадена од Црвенковски очигледно не го вразумила Заев. Како што во повеќенаврати политичките аналитичари коментираа, анализирајќи ги постапкит на лидерот на СДСМ, тој само дополнително се мотивирал за поголема деструкција и поагресивно делување против државата, мислејќи за себе дека е неказнив.