Гневни струмичани нападнале полицајци

Двајца полицајци кои само си ја вршеле должноста биле нападнати од струмичани кои го кршеле законот.

Според информациите од Министерстовото за внатрешни работи, вчера околу 14 часот во Струмица, на улицата Климент Охридск, при вршење редовна работа, двајца  полицајци сопреле автомобил „Опел Астра“ без регистарски броеви, управувано од Ш.С. , каде сопатник бил Е.А.

Возачот прво застанал, а потоа тргнал со возилото, при што удрил еден од полициските службеници во пределот на левата нога.

Полицајците се упатиле по патничкото возило при што го  стигнале на улицата Антон Попов, а лицата излегле од возилото и почнале да бегаат.

Едниот полициски службеник го фатил Ш.С., додека вториот го фатил сопатникот.

Веднаш потоа излегле поголема група жители од маалото кои го нападнале полицискиот службеник удирајќи го со тупаници, а Е.А. успеал да побегне.

За кратко време стигнало и засилување и ситуацијата е ставена под контрола, при што двете лица од возилото се приведени во СВР-Струмица.

 

Двајцата униформирани полициски службеници се здобиле со телесни повреди, констатирани во медицинскиот центар – Струмица.