Го бакнав Милош во чело и го затворив багажникот

„Милош ми беше најдобар другар. Таа ноќ инсистираше да се превезе во багажникот, бидејќи во автомобилот немаше место за сите нас. Малку пред несреќата застанав и го отворив багажникот за да проверам како му е и дали може да се вози така. Не знам зошто, но го бакнав во чело и го затворив багажникот“, вели за српски Курир, а пренесува НетПрес, возачот на БМВ-то, Душан Јовановиќ.

Со овие зборови, 19 годишниот Јовановиќ ја опиша последната средба со Милош Јанковиќ (20), кој, неколку минути подоцна со нивниот автомобил влета во Дунав. Јанковиќ бил затворен во багажникот.

ada-huja-bmw-saobracajna-nesreca-foto-zorana-jevtic-1416659817-592380

Освен Милош, загина и Анастасија Стајиќ (17), која била во врска со Милош и нивниот другар Немања Антиќ (18). Од автомобилот успеале да се спасат осумнаесетгодишните Душан Јовановиќ, Милица Јокиќ, како и синот на водителката Оља Бечковиќ, Лука Вишњиќ.

Автомобилската несреќа се случила во саботат утрото, полициските нуркачи возилото го пронашле на околу 15 метри од местото каде тоа слетало во реката Дунав.

dusan-jovanovic-milos-jankovic-anastasija-stajic-nemanja-antic-dusan-jovanov-1416870567-593133