Го фатиле како краде огревни дрва, избегал од полицијата

Лицето К.Р. од Стар Дојран заработи кривична пријава за сторено кривично дело „кражба“.

На 12.март годинава пријавениот со неговото патничко возило „лада“ кај м.в. „Јлм“ сакал да натовари претходно исечени и нежигосани дрва габер и даб.

Шумската полиција го затекнала неговото возило во кое имало натоварено половина кубик дрва, додека пријавениот се дал во бегство.