Го фатиле како краде во автобус на ЈСП

Педесет и осумгодишниот Е.К. од Скопје доби кривична пријава  бидејќи е осомниен дека извршил џебна „кражба“ во ав) обус на ЈСП.

Пријавениот во вторникот со намера за себе да прибави противправна имотна корист во автобус на ЈСП бр.5 во задниот дел од автобусот го забележал оштетениот, се доближил до него и искористувајќи го неговото невнимание и гужвата во автобусот, со протнување на рака во задниот џеб од пантолоните на оштетениот  украл вкупно 1.770 денари, информираат од полицијата.

На пријавениот му е одредена мерка протвор во траење од осум дена.