Го гаѓала со камења, тој вперил пиштол а синот паднал во безсознание од шок

Во 21 часот во селото Жубрино, кичевско, во куќата сопственост на Љ.Љ. дошол Б.Љ. и започнал расправија со нејзиниот малолетен син во врска со недоразбирање кое тој го имал со негов внук.

Во расправијата се приклучиле и мајката и нејзината сестра, која Б.Љ. ја удрил во пределот на лицето, а Љ.Љ. ја влечел за коса. Откако ја пуштил, таа почнала да фрла со камења по него, а тој извадил и вперил пиштол кон неа.

Во тој момент нејзиниот син се исплашил и паднал во безсознание, по што со возило бил однесен во Медицински центар Кичево, каде му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.