Го испрскал полициското возило со бенизин, а потоа и сам се полил

Вчера околу 18.00 часот полициски службеници во село Осинчани затекнале патничко возило „Форд“-караван со кумановски регистарски ознаки, кое било натоварено со необележано огревно дрво, а го управувало непознато лице кое побегнало.

Набргу потоа, на местото дошле три непознати лица во патничко возило „БМВ“ без регистарски ознаки и се обиделе да го земат возилото „Форд“.

Едно од лицата со бензин го испрскал службеното возило „Шкода Октавија“, по што и самиот се полеал со бензин. Во тој момент еден од полициските службеници го извадил службениот пиштол и им наредил на лицата да отстапат, по што сите тројца побегнале во различни правци- велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Драчево.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.