Го истепал и му нанел убод сред плоштад

Пријавениот на 15.09.2016 година околу 18.10 часот на ул. „Плоштад Слобода“ во Радовиш физички го нападнал А.Р., удирајќи го со тупаници во пределот на лицето. Кога оштетениот паднал на земја пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на стомакот. По ова А.Р. бил пренесен во Здравствен дом Радовиш од каде бил препратен на понатамошно лекување во Клинички центар во Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.