Го качил во автомобил, па го принудил да му најде пари

Дваесет и петгодишен радовишанец заработи кривична пријава за изнуда и противправно лишување од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 20-ти минатиот месец, 25-годишниот С.К. од Радовиш го повикал три години постариот К.С. од Струмица да се качи во неговото возило, а потоа заедно отишле во кафеаната на С.К.. Таму напаѓачот го внел К.С. во кујната, го принудил од мобилниот телефон да се јави на негови блиски роднини да му донесат пари.

По ова, истиот ден мајката на К.С. го пријавила случајот во полиција.