Го малтретирале детето и го оставале да спие на клупа

Селатин Сељмани (48) и Саније Зекири (44) добија две години затвор, која нема да се изврши ако пет месеци не го повторат монструозното дело. Деветгодипното дете било удирано со клоци и тупаници, бркано од дома, а бидејќи му ја заклучувале вратата тоа спиело надвор во парк.

Во скопското училиште каде учи детето забележале модринки, па ги известиле полицијата и социјалните служби. Тоа раскажало дека ги здобило од неговиот татко. Момчето било прегледано во болница каде му откриле хематоми.

Обвинетиот е татко на уште три деца, а мајката на шест.

Превземено од: Вест

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.