Го накодошил соседот дека одгледува марихуана

Скопјанец пријавил сосед дека одгледува марихуана во својот двор, информираше МВР.

На 12.08.2018 година во 16.25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, граѓанин пријавил дека во село Љубанци, додека се шетал, во дворот на една од викенд куќите, сопственост на непознато лице забележал шест саксии со растенија за кои се посомневал дека се марихуана.

Полициски службеници излегле на местото  и било констатирано дека пронајдените саксии се садници со марихуана. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.