Го нападнале со секири, па им вратил со иста мера

По претходна расправија, вчера околу 16:30 часот во Штип настанала тепачка помеѓу неколку лица.

Р.К. (48) и Н.К. (39) физички го нападнале Е.Н. (22), го удирале со секири во пределот на главата и телото нанесувајќи му телесни повреди.

Е.Н. успеал да ги совлада, им ги земал секирите и со истите на Н.К. и Р.К. им нанел тешки телесни повреди.

Лицата се пренесени во болницата во Штип, каде им е укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.