Го обвиниле за кражба и го држеле како заложник во теретана

Полициската станица Кратово поднесе кривична пријава против А.В.(23) од Пробиштип, Н.Л.(21) и М.Б.(24), двајцата од Кратово, за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

На 23 февруари, пријавените со патничко возило „волво“ сопственост на таткото на Н.Л. отишле во Штип, при што во возилото качиле 26 годишно лице од Штип, со намера да заминат во Кочани.

Наместо во Кочани пријавените го однеле во теретана во Кратово и го држеле од 16 до 22 часот присилувајќи го да гледа снимки од безбедносна камера за извршена тешка кражба во трговски дуќан за која пријавените сметале дека ја извршило лицето кое противправно го лишиле од слобода.