Го ограбиле додека си ја зимал пензијата

На седми февруари оваа година, Џ.С. (35) од Тетово го ограбил И.А (78) жител на струшкото село Подгорци, одземајќи му паричник со 145 евра и 10.500 денари. Поради постоење основи на сомнение за казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.С.

Кражбата се случила пред Стопанска банка во Струга. И.А. ја подигнувал својата пензија и излегувајќи од банката во него се втурнале две лица по што оштетениот набрзо забележал дека му го нема паричникот.

И.А. кражбата ја пријавил во полициската станица во Струга каде набрзо извршил фотографско препознавање на можниот сторител на кражбата, информираат од полицијата. Џ.С. е лице познат сторител на вакви кривични дела против кого и досега биле поднесувани повеќе кривични пријави

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.