Го ошамари детето и доби осум месеци затвор

Американскиот суд вчера го осуди на осум месеци затвор Џо Рики Хандлиј кој во октомври си ја призна вината дека во текот летото му удрил шамар на 19 месечно бебе, објавуваат локалните медиуми.

Обвинителството соопшти дека Хандли во февруари за време на слетување на авион најпрво на расна основа го навреди момчето кое е Црнец, а потоа го удрил и под окото.

Обвинителството побарало затворска казна од шест месеци, но судот му одредил повеќе поради претходни кривични осуди, вклучувајќи и еден за напад.

Неговиот адвокат изјави дека казната е диспропорционално голема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.