Го оставил џипот незаклучен, па му го украле

Скопјанец останал без својот џип, кој му бил украден откако го оставил отклчен, информираше МВР.

Според полицијата, А.М. (51) од Скопје вчера во Полициската станица Ѓорче Петров,  пријавил дека истиот ден околу 15.30 часот на улицата Воин Драшкоци непознат сторител го одзел неговото патничко возило „БМВ x5“.

Крадецот влегол во незаклученото возило и со клучот кој бил на бравата го стартувал џипот и заминал во непознат правец. На тој начин крадецот се стекнал со противправна имотна од 500.000 денари.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото, сторителот и за целосно расчистување на случајот.