среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

ОН го отфрлија предлогот за вклучување на Курдите во преговорите за Сирија

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура претходно најави дека преговорите ќе продолжат до 11 април, но дека неколку делегации ќе се приклучат подоцна.

ОН го отфрлија предлогот за вклучување на Курдите во преговорите за Сирија

ОН го отфрлија предлогот за вклучување на Курдите во преговорите за Сирија

Последни вести

Западните земји членки на Советот за безбедност на ОН гласаа против рускиот предлог за вклучување на сите страни во претстојните преговарачки рунди за Сирија, изјави постојаниот руски претставник во ОН, Виталиј Чуркин.

– Против предлогот гласаше и делегацијата од Украина, која не е постојана членка на СБ на ОН, нагласи Чуркин.

Тој истакна дека Москва повеќе пати изразила загриженост што сириските Курди се уште не се поканети да учествуваат во преговорите во Женева за решавање на судирите во Сирија.

– Како што нашите западни партнери сакаат да повторуваат, резолуциите на Советот за безбедност на ОН мора целосно да се применуваат, изјави рускиот претставник, додавајќи дека сите сегменти во сириското општество мора да учествуваат во преговорите.

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура претходно најави дека преговорите ќе продолжат до 11 април, но дека неколку делегации ќе се приклучат подоцна.

Најчитани вести