Го пиете секој ден, а незнаете дека ви ги смалува градите

Неодамна спроведената студија открива дека постои цврста поврзаност меѓу количеството кафе што го внесувате и големината на градите.

До овој заклучок научниците од Шведска стасале сосем случајно додека правеле истражување поврзано со канцер. Резултатите од студијата се објавени во „Бртитански журнал за канцер“, а се вели дека 50 отсто од жените се подложни на намалување на градите поради кафето, а особено се загрозени жените со големи гради.

Научниците следеле 300 жени и нивното дневно внесување кофеин, а секојдневно им го мереле и обемот на градите. Се испоставило дека кофеинот навистина влијае на обемот на градите, но не во толку голема мерка што еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека ви треба еден број помал градник, но сепак доволно за разликата да биде забележителна.

Тоа сепак, не значи дека треба во целост да се откажете од кафето, бидејќи во мали количини кофеинот помага во намалување на ризикот од рак. Ризикот од намалување на градите од друга страна е предизвикан од поврзаноста на работењето на естрогенот и коефинот, поради што е логично жените со поголеми гради, кои со самото тоа имаат и поголеми млечни жлезди и повеќе естроген се позагрозени.