вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 36

Го претепале и му украле 800.000 денари

Три лица го удирале по телото и го внеле во автобусот, а потоа со закана со оружје му одзеле 800.000 денари.

полиција1

Последни вести

Вчера околу 16.00 часот во Скопје, во кругот на ЖАС, три непознати машки лица извршиле разбојништво над Е.М. (29) од Скопје, при што му биле одземени 800.000 денари.

Имено, Е.М. со возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата фирма „Јадран“, дошол да изврши проверка на автобусот со кој требало да оди на пат. Откако ја отворил вратата од хангарот, непознато машко лице го удрило со пиштол по грб и го внело внатре во хангарот каде влегле уште две лица.

Трите лица го удирале по телото  и го внеле во автобусот, а потоа со закана со оружје му одзеле 800.000 денари. Потоа му ги врзале рацете и нозете со лисици,  го оставиле внатре во автобусот, и го напуштиле местото со возилото на Е.М.

Подоцна возилото било пронајдено на бул.„Никола Карев“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Најчитани вести