Го пуштиле од затвор, па застрелал две полицајки во Лиеж

Две полицајки и цивил се убиени во Лиеж, Белгија, а убиецот е Белгиец на возраст од 30 години, кој вчера бил ослободен од затвор, пренесува телевизијата РТБФ. Тој бил пуштен на условна слобода, а во Лиеж дошол од затворот во близина на границата на Белгија и Германија. Убиецот Бенџамин Херман бил во затвор поради низа кривични дела поврзано со дрога, разбојништва, насилство, а важел за нестабилна личност.

Затворската управа го пуштила вчера на неколку часа за да се види со семејството и да се подготви за реинтеграција во општеството пред неговиот конечен отпуст од затворот, иако службите го оцениле како екстремно насилен. Медиумите тврдат дека во затворот се дружел со неколку радикални исламисти. Истражителите се обидуваат да утврдат дали Херман преминал на ислам или се радикализирал во затворот.

Според државниот јавен обвинител, Филип Дулие, нападот засега се третира како терористички инцидент.

Според очевидците, убиецот викал „алаху акбар“ додека пукал. Крвавиот инцидент се случил пред кафуле на булеварот Аврој, а убиецот од грб им пришол на двете полицајки кои вршеле контрола на паркинг апаратите. Тој ги пробол со нож, а потоа го зел пиштолот на едната од нив па ги застрелал, како и  едно момче кое седело во паркиран автомобил, по што избегал кон  локалното училиште. Таму зел една од хигиеничарките за заложничката. Тој подоцна бил убен од антитиерористичката полиција. Повредени се уште двајца полицајци.

Херман не бил на листата на осомничени терористи, а полицијата не потврдува дека извикувал „алаху акбар“ за време на престрелката.

Во 2011 година во Лиеж во самоубиствен напад загинаа седум лица.

Нордин Амрани прво убил жена која го чистела станот, а потоа фрлајќи гранати и пукајчи од автоматска пушка уби уште шестмина, а рани 125 лица. Тој потоа се застрелал.