Македонија,Крими хроника

Го туркал автомобилот за да запали и загинал

Го туркал автомобилот за да запали и загинал

Утринава околу 07,00 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар се случи несреќен настан во кој Неде Ц.(64) од с. Пискупштина им подлегнал на повредите во обид своето патничко моторно возило марка „Застава 750“ да го стави во погон туркајќи го преку регионалниот кон спореден пат надолу кон Глобочичкото езеро.

Притоа патничкото моторно возило кое добило забрзување се превртело на левата страна каде се наоѓал Неде Ц. кој не успаеал да влезе во возилото и да го сопре движењето по надолниот пат.