Балкан

Го украл мебелот од туѓа куќа каде живеел 4 месеци

Го украл мебелот од туѓа куќа каде живеел 4 месеци

Дваесет и четири годишниот М.С. од Нови Пазар повеќе од четири месеци престојувал во куќа во приградска населба, без знаење на сопственикот, кој живее во странство.

М.С. освен што нелегално живеел во куќата тој успеал секојдневно од куќата да изнесе и препродаде дел од мебелот што се наоѓал во неа.

Осомничениот за ташка кражба е уапсен во понеделникот, а според неговите изјави пред полицијата, тој од куќата изнел и продал сè што можел: комплетен систем за парно греење, бакарни цевки, целокупната санитарија од бањата, како и голем број на парчиња мебел, со што го оштетил соспственикот на куќата за околу 2.000.000 динари.

Како што пренесува српски Блиц, никој од соседите не се посомневал дека се случува нешто нелегално во куќата, бидејќи М.С. се однесувал сосема нормално, не се криел и секојдневно престојувал и спиел во куќата.

Натрапникот бил разоткриен дури по четири месеци, откако соспственикот на куќата се вратил во Нови Пазар.

На осомничениот му е одреден 48-часовен притвор.