„Го загубивме, а сега ќе чекаме со денови да ни го донесат да го погребаме”

Семејствата на шестмината Срби настрадани во големиот пожар во фабриката во Сибир, ќе чекаат петнаесет дена да ги закопаат своите најблиски бидејќи сеуште не можат да се идентификуваат телата, пишува Прес24.

Болка и тага владеат и во домот на 56-годишниот Чеде Богуновиќ кој трагично го загуби животот.

– Многу ни е лошо. Како да не ни е тешко што го загубивме, па сега и треба да чекаме 15 дена, вели потресената жена.

Сопругата вели дека му рекла да се врати дома, но не сакал бидејќи му било страв да не ги загуби парите кои ги заработел.