Магазин

Го запали Интернетот: Отворете ги границите, одам по невеста во Србија!

Го запали Интернетот: Отворете ги границите, одам по невеста во Србија!

Фактот дека блокадата на граничните премини помеѓу Србија и Хрватска не им нанесува штета само на големите фирми и земјоделци  туку и на обичните луѓе се гледа по еден пост која е објавен на официјалната страна на Владата на Република Хрватска.

Маж од Осијек бил лично погоден од драмата околу затворањето на границите на Хрватска. Меѓутоа без оглед на проблемот помеѓу двете влади, тој е решен да ја премине границата била таа затворена или не и да отиде по неговата идна сопруга Санела.

1

На Фејсбук страната на хрватската Влада, Миодраг Новковиќ ја остави следната порака: Јас имам свадба на 3.10. и по невестата одам во Нови Сад, го отвориле вие тој Ердут или не, верувајте ми јас ќе преминам. Ако треба и со сила. Благодарам!

Оваа негова постапка наиде на големо воодушевување на луѓето од регионот, но и неговите пријатели кои решиле да отворат група за поддршка на Миодраг на социјалната мрежа Фејсбук.

2