ГОБ „8-ми Септември“: Квалитетот на здравството не треба да се цени според изолирани случаи на неодговорни доктори

магнетна резонанца, компјутеризирана томографија, дигитален мамограф, дигитален литотриптор, 4 дигитални рентген апарати, комплетна опрема за гастроентерохепатологија, неврологија, дерматовенерологија, 10-тина ехо апарати и многубројна останата опрема, а дополнително треба да пристигне и опрема во вредност од 2 милиони евра.

Како нови методи се воведени интервентна радиологија, интервентна кардиологија, развој на неврохируршка служба, развој на сите супспецијалности од интерната медицина, развој на третман на акутниот мозочен удар со центар за интензивна нега на овие болни, воведување на најсовремени методи во ортопедијата што не се работат во сите околни земји, и многу други.

Обемот на работа е значително зголемен и тоа од 6.500 хоспитализации и 95.000 амбулантски прегледи во 2010 година на повеќе од 13.800 хоспитализации и 190.000 амбулантски прегледи во 2014 година.

Зголемениот обем на работа е пропратен и со нови вработувања. Така, бројот на вработени од 418 во 2010 година, е пораснат на 820 вработени во 2015 година, од тоа новопримени се над 115 доктори од различни специјалности, а овој број дополнително ќе порасне по заокружување на процесот на трансформација од статус волонтер и договор на дело во работен однос, стои во сопштението на ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“.