ГОБ „8 Септември“ ќе добие нова опрема вредна 2 милиони денари

Градската општа болница „8 Септември“ ќе добие нова медицинска опрема во вредност од два милиони денари со што ќе се обнови постоечката.

Станува збор за опрема со која сериозно ќе се унапредат повеќе специјалности во оваа болница како што се кардиологија, орл, орл дијагностика, патологија, ендокринологија, трансфузија, васкуларна ултразвучна дијагностика, урологија, физикална терапија и пулмологија, информираше денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Министерството за здравство уште денеска ќе ја отпочне постапката за набавка на опремата, а до месец февруари најголем дел од опремата ќе биде набавена и ставена во функција.

-Станува збор за набавка на нова и софистицирана опрема во одделенија кои што веќе функционираат со опрема која што е постара и кој што повеќе години е во употреба. Но таму кај што ќе се набави опрема која што недостасувала предвидено е обука за лекарите кои немаат доволно тренинг, а работат во тие одделенија, истакна Тодоров.

Според Тодоров во изминатиот период во ГОБ „ 8 Септември, евидентиран е значителен пораст на бројот на пациенти кои се третираат на овие одделенија.

-Целта е со оваа нова софистицирана опрема e сериозно да ги зајакнеме капацитетите на ГОБ „8 Септември“ во поглед на опремата имајќи предвид дека во оваа болница белжиме постојан тренд на зголемување на бројот на пацинтите. Огромен број на лекари поминаа едукација како во земјтата така и во странство. И со набавката на оваа нова и најсовремена опрема уште повеќе ќе се подигне нивото на квалитет на здравствените услуги, а со тоа очекуваме и да се подобри оценката на пацинтите за услугите кои се даваат во оваа болница, истакна министерот.