ФОТО: ГОБ „8 Септември“ реновирана според најсовремени стандарди

Заврши еден од најзначајните проекти за Владата во соработка со Министерството за здравство, реконструкција на болничко крило во Градската општа болница „8 Септември“.

Според премиерот Никола Груевски, реконструирана е површина од 4.800 метри квадратни, согласно најмодерните стандарди.

„Создадени се одлични услови за работа, како за вработените, така и за пациентите што доаѓаат во оваа болница, која што секој ден има се повеќе пациенти откако пред четири години Владата донесе одлука таа да стане градска општа болница“, истакна денеска претседателот на Владата.

gob1

Груевски потенцираше дека ова е една значајна инвестиција, со уште позначаен ефект, пред се’  за пациентите. Покрај реновирањето, оваа болница доби квалитетна опрема и се вработи квалификуван кадар.

Премиерот додаде дека останува да се реконструира и фасадата на болницата.

Министерот за здравство истакна дека за целокупната реконструкција на болницата, во која не доаѓаат пациенти само од Скопје, туку и од другите градови, се потрошени околу еден милион евра.

gob2

„Набавени се нови лифтови, бидејќи беа стари и во исклучително лоша состојба, кои предизвикуваа големи потешкотии во функционирањето на персоналот, но и пациентите“, рече Тодоров кој додаде дека комплетно се реконстурирани седумте тракта во болницата со најсовремни стандарди. Тој појасни дека сите седум болнички крила се реконструирани според најсовремени стандарди. Во болницата  поставени три нови товарни и два патнички лифта. Во болничките крила има целосно нови санитарни јазли, подови и тавани, осветлување, шкафчиња во собите, како и нови инсталации за противпожарна дојава и повик на сестра и слично, со цел запазување на најновите болнички стандарди.

Според Тодоров со заокружувањето на оваа реконструкција уште повеќе ќе се зголеми задоволството на пациентите во оваа болница, но и на вработените.

gob3

Премиерот најави дека од утре започнува темелна реконструкција на поликлиниката Букурешт, инвестиција вредна 24 милиони денари, како дел од  проектот на Владата за градење и реконструкција на болници.