Гочевски: СДСМ ги оштети македонските пензионери за 5.500 денари годишно

СДСМ ги оштети македонските пензионери за 5.500 денари годишно, пари кои ќе ги добиеја долку се реализираше предвиденото покачување на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со кое ќе земаа 7.600 денари годишно, а со СДСМ добиваат само 2.160 денари, што е разлика од 5.500 денари, вели Методија Гочевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС од нашите џебови зеде 5500 денари. Пари кои ќе ги имавме доколку СДС не беше на власт. Луѓето кој се збогатиле лесно во периодот на транзицијата неможат да разберат што значат овие пари за пензионерите. СДС никогаш не се грижело за доброто на граѓаните. Ветувања на брда и планини, а остварување на пустош и уништени човечки судбини. СДС расипнички располага со државната каса. СДС се расфрла со парите на граѓаните одвојувајќи милиони за набавка на мебел и секаков инвентар за министерските кабинети, вели Гочевски.

Додаде дека Владата за само сто дена ја задолжи Република Македонија за 170 милиони евра, а дополнително од државните девизни резерви стопија 170 милиони евра. Тоа се над 340 милиони евра за кои никој не знае каде завршија.

„СДС задолжи над 340 милиони евра, не отпочна ниту еден капитален проект, ги закочи постојните, не набави нова опрема за некоја болница или училиште, и притоа никој не знае на што се потрошени нашите пари, кои утре нашите деца треба да ги враќаат. 340 милиона евра задолжени, ништио не реализирано, а притоа ни пензиите не се покачени. Заради ваквото расипништво и негрижа граѓаните на претстојните локални избори 15 октомври ќе го казнат СДС“, потенцираше Гочевски.