Годин: Има правда и во фудбалската игра

Стрелецот на историскиот погодок на “Ноу Камп”, уругвајскиот интернационалец од редовите на Атлетико Мадрид, Диего Годин веднаш по освојувањето на јубилејната 10. шампионската титула во шпанската Примера дивизион изјави има правда и во фудбалската игра.

“Можам да кажам дека има правда во фудбалот. Мислам дека апсолутно заслуживме да ја освоиме шампионската титула оваа сезона. Игравме неверојатно, победувавме, бевме во водство на табелата, се боревме храбро против Барселона и против Реал Мадрид“, изјави централниот дефанзивец.