До крајот на годината марихуаната станува легална во Србија

До крајот на годината марихуаната станува легална во Србија за медицински цели, пишува српски „Курир“.

Претседателот на здружението „Лекализација на Србија“ Антоние Ковачевиќ откри дека најверојатно до крајот на годината ќе биде легално да се користат препарати од марихуани, затоа што ќе бидат усвоени законски реформи што ќе им овозможат на сите оние што се лекуваат со масло од канабис тоа да го прават без последици.

Имено, Ковачевиќ тврди дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени измени на Законот за психоактивни и контролирани супстанци.

Задоволство ми е да ве известам дека од високо и добро известен извор од Владата во Србија добив изнформација дека до крајот на 2015-тата година, земјава ќе усвои позитивни законски норми и ќе им овозможи на сите оние што се лекуваат со масло од канабис или што би сакале тоа да го прават во иднина – да го прават истото без страв од аспење или од кривично гонење, слободно со рецепт и лекарски надзор. Така Србија ќе стане првата земја во Регионот што на овој начин ќе го хуманизира општеството и ќе поведе грижа за здравјето на своите граѓани. Нека ни е со среќа победата, напиша Ковачевиќ на својот профил на Фејсбук.

Званично барање за легализацијата на марихуаната за медицински цели до Министерството за здравство го поднесе неврологот и директор на специјалната болница „Свети Сава“ во Белград, Милан Савиќ.

Постојат сериозни истражувања што говорат дека маслото од канабис помага при лекување на канцер, епислепсија и други невродегенеративни болести. По подолго собирање податоци одлучив да поднесам барање за легализација на маслото од канабис затоа што сметам дека има лековито дејство, изјави тогаш Милан Савиќ.