Британски метеоролози: Следната година ќе биде најтопла досега

Времето во светот следната година најверојатно ќе биде подеднакво топло и потопло од 2015-тата, што би значело дека тоа ќе биде најтоплата година досега, соопшти Британскиот метеоролошки институт, пренесува „Дневни Аваз“.

Според прогнозите, глобалната средна температура во 2016-тата би требало да биде поголема за о,72 до 0, 96 степени Целзиусови во однос на просечните 14 степени Целзиусови од периодот од 1961 до 1990 година.

Според прогнозите, може да се насети дека до крајот на 2016-тата ќе имаме три последователни рекордни или речиси рекорсни години на пораст на глобалната температура, вели Адам Скаифе од Британскиот метеоролошки институт.

Според него порастот на температурата се должи на глобалното затоплување.

Прогнозите се засноваат на клучните двигатели на глобалната клима, но тука не се вклучени непредвидливите настани, како што се големите вулкански ерупции, што може да придонесат за привремени заладување, вели тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.