Годината 2017-та, во која Трамп го вознемири светот

© AFP 2017 / Mandel Ngan

Под мотото „Америка на прво место“, американскиот претседател Доналд Трамп“, често непредвидлив, го вознемири во 2017 година светот со своите неочекувани одлуки кои беа напад врз мултилатералноста и не деактивираше неколку темпирани бомби.

Од доаѓањето во Белата куќа на 20-ти јануари, републиканскиот милијардер го донесе токму оние одлуки од коишто американските сојузници најмногу стравуваа, па така и анатиимигрантската извршна уредба, одлуката за повлекувањето од Парискиот климатски договор и од договорот за иранската нуклеарна програма и признавањето на Ерусалим за израелска престолнина. А сето тоа се ветувања коишто ги даваше во својата претседателска кампања во текот на минатата 2016 година.

Ричард Хаас, претседател на истражувачкиот институтот на Советот за надворешни работи и поранешен дипломат кој работел за повеќе републикански администрации, ја нарече таквата политика „доктрина на повлекување“.

Претседателот на најголемата светска сила „го прави она најлошото од што може да стравуваме во ‘трампската’ политика, со повлекување од мултилатералната сцена“, призва Селиа Белин од институтот Брукингс во Вашингтон.

Сепак, неговите три одлуки коишто подигнаа најголема бура, „симболично се силни и оптоварени со последици“, „би требалo исклучително да ги задоволат неговите гласачи“, но „засега немаат непоправливи последици“, вели Белин за AFP. Повлекувањето од Парискиот договор ќе стапи на сила дури кон крајот од неговиот мандат, иранскиот договор останува на сила, а за преселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, ќе бидат потребни „неколку години“.

Тоа е „методот на Трамп“ која означува „симболично раскинување поттикнувајќи многу силни реакции“. „Целиот свет ја слушна пораката: Америка силно се враќа“, којашто претседателот ја упати во понеделникот при претставувањето на новата „Стратегија за национална безбедност“.

Барбара Салвин од истражувачкиот институт Atlantic Council, вели дека „Трам, се чини , мисли дека САД поради својата воена и економска моќ може да прават што сакаат“. А „САД е на врвот од моќта дури тогаш кога настојува да го заживее меѓународниот консензус“, вели за AFP, истакнувајќи дека постои опасност од негата изолација и губење на веродостојноста.

Критиките во големи количества доаѓаат и од републиканскиот табор. „Сегашната администрација нуди само малку здивнување во светскиот хаос без американското водство“, пишува влијателниот сенатор Џон Меккејн на интернет страницата Medium. „Нашиот претседател ја смета својата непредвидливост за доблест и им дава предноста на објавите на Twitter во коишто покажува слаба информираност наместо сеопфатна стратегија“.

„Импулсивното однесување на претседателот Трамп, неговото непредвидливо управување и пораките на Twitter потресоа многу светски престолнини“, заклучува Пол Стејрес, автор на годишната анкета за ризиците од судири спроведена меѓу 400 експерти и дипломати. Во овој извештај на Советот за надворешни работи, Вашингтон е на првата линија во двете најголеми закани од воени судири во следната 2018 година, севернокорејската и иранската.

Во овие две големи кризи, додава за AFP, „тешко е да се знае“ дали заканите на Трамп се „само фалење или навистина е подготвен да примени сила“.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел неодамна предупреди: „Откажувањето на САД за време на мандатот на Доналд Трамп од нивната улога на веродостоен гарант на западниот мултилатеризам“ треба да ги турне Европејците во прв план. Штета е сторена и тоа 2битно нема да се промени ниту на следните избори“.