среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 41

ВИДЕО: Годинава 5.200 пензионери ја искористија мерката за бесплатно лекување во банско, догодина за 300 повеќе

Мерката за бесплатно банско лекување завршува оваа недела со последната група на пензионери и истата се одвива добро, рече денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

мерката

Поврзани вести

-Со последната група за оваа година се заокружува бројка од 5.200 пензионери  кои преку овој проект заминале на бања. Вкупно од 2010 година кога започна овој проект бројката е 38.000. за наредната година како што сум информиран резервирани се средства во буџетот за нови 5.500 пензионери, истакна Груевски.

Подвлече дека целиот овој период од 2010 година па се до денес, има огромен интерес и наидува на големо задоволство кај пензионерите од начинот на кој се спроведува.

-Анкетите кои подоцна ги прави Министерството за труд укажуваат дека е многу висок процентот на пензионери кои се многу задоволни од мерката и би сакале повторно да ја искористат, заклучи Груевски.

Превземено од: Курир

Најчитани вести